Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Ова е најотровната риба

Ова е најотровната риба 

Еден грам од оваа риба може да убие повеќе од…

[повеќе]

Секвенциониран најстариот геном на коњ стар 700 илјади години

Секвенциониран најстариот геном на коњ стар 700 илјади години 

Она што фосилите не можат да го покажат, научниците се…

[повеќе]

Фото: Партизанска во 70тите

Фото: Партизанска во 70тите 

Погледнете во времето на 70тите како изгледал булеварот Партизански Одреди:)…

[повеќе]

ВИДЕО: Човекот кој 20 години живее на пуст остров

ВИДЕО: Човекот кој 20 години живее на пуст остров 

Масафуми Нагасаки е Јапонец кој веќе 20 години живее гол…

[повеќе]

Тунелот Лог

Тунелот Лог  

Тунелот Лог се наоѓа во Калифорнија, САД и претставува срушено…

[повеќе]

Си го бојадисал својот тревник во зелено

Си го бојадисал својот тревник во зелено 

Човек од Индијанаполис поради тоа што не сакал често да…

[повеќе]

Пчелите продолжуваат да умираат

Пчелите продолжуваат да умираат 

Пчелите ги нема, а Американската администрација веќе призна за проблемот,…

[повеќе]

Пронајдениот метеорит во Фуканг!

Пронајдениот метеорит во Фуканг! 

Во близина на Фуканг, Кина во 2001 година е пронајден…

[повеќе]

Мочуришен тажник (Filipendula ulmaria (L) Maxim.)

Мочуришен тажник (Filipendula ulmaria (L) Maxim.) 

Мочуришниот тажник уште се нарекува брастнолистно оревче, отвратниче, кое расте…

[повеќе]

Бела бреза - лековити својства

Бела бреза - лековити својства  

Уште ја викаат Јасика и расте во четинари и мешани…

[повеќе]

1 2 3

Обетката – омиленото цвеќе на нашите прабаби

Обетка или фуксија (fuchsia) беше омилено цвеќе на нашите прабаби, но оваа убавица и денес е многу барана и одгледувана во целиот свет.

Селекционерите и обрнуваат големо внимание, па така постојат преку 800 хибридни сорти на фуксијата.

Во Македонија, секако, не можат да се најдат сите видови, но љубителите на ова цвеќе сигурно можат да најдат барем дваесетина вида во нашите расадници и цвеќари.

Карактеристики

Фуксијата е повеќегодишно и полузимзелено растение кое го добило своето име по човекот со две професии, ботаничар и лекар, Леонард Фукса.

Фуксијата ја има како исправено и како висечко цвеќе. Со специјална нега и потстрижување може да се добие цело стебленце преполно со цветови кое повеќе години ќе ја краси вашата тераса или двор. Фуксијата цвета раскошно од април до крајот на есента. Висечките видови на фуксијата, поради својата форма, се познати и под името „балерина". Цветовите се двојни или единечни и ги има како двобојни (бело-розови, црвено-бели, розово-виолетови и сл.) и како еднобојни од светлорозова до темновиолетова.

Услови за одгледување

Фуксијата потекнува од влажните и свежи планински предели на Средна и Јужна Дмерика. Имајќи го предвид потеклото, во зимските месеци треба да и се најде добро осветлено место на терасата или во станот, но не директно на сонце. Кога ќе ја сместите на погодно место, не е препорачливо да и го менувате бидејќи ќе ги отфрли сите пупки и цветови.

- Фуксијата се пресадува секоја година во февруари или март, понекогаш и подоцна, во еден до два броја поголема саксија. Доколку растението е поголемо, не мора да се пресадува секоја година.

- Смесата на земјата во која се одгледува треба да биде што похранлива и растресита и затоа е најдобро да се купува тресетна земја, којашто треба да се помеша со малку песок. Доколку имате добро прегорено шталско ѓубре, може да се измеша во еднакви количини со тресетот и песокот, а на дното на саксијата се става дренажен слој од покрупен песок или искршени делови од стара теракотна саксија.

- Пред пресадувањето растението малку се потстрижува (од пет до десет сантиметри, во зависност од големината на растението). Отсечените делови немојте да ги фрлате бидејќи може да послужат за резници.

- Во текот на целата вегетација фуксијата треба да се полива добро, особено во летните месеци и тоа секојдневно, а во многу топлите денови треба и да се оросува со млака вода.

- Растението треба редовно да се прихранува. Најдобро е да се прихранува со течни минерални ѓубрива како што се „Цветал" или „ Wuhal" и тоа еднаш неделно по 2 гр. на литар вода.

- За обетката да биде густа, пожелно е неколку пати во годината да се потскратува. Обетките кои се на тераса или во дворот пред крајот на септември треба да се внесат внатре, во поладна светла просторија (може и во подрум, но не под 8°С.

- За време на зимскиот период растението се полива ретко и малку, само колку да не се исуши.

Заштита

Обетките ги напаѓаат бројни штетници, како разни лисни вошки, штитест молец, стеници (Lygus), а најопасни штетници се eriophyles fuchsiae и eriophyles vitis, коишто ги уништуваме со препарати на база на сулфур. Добро негувајте ја вашата обетка со голема љубов и внимание и таа ќе ви возврати со прекрасен цут преку целата летна сезона.

автор на текстот: Биљана Михајловска

Извор: ФФРМ

 

Powered by Web Agency
loading...

  

Powered by Web Agency

Powered by Web Agency

Powered by Web Agency

Facebook Like Box