Тревите му припаѓаат на видот на монокотиледони и се една од најбројните растителни заедници на планетата.
Познати се над 600 родови на треви со околу 10.000 видови.
Во средна Европа се познати околу 50 родови со околу 200 вида. И покрај толку големиот број на тревни видови, за потребите на спортските тревници, како и за парковите, се користат сенасе околу 15 вида со околу 100 сорти одгледани посебно за таа намена.

Цветечкиот белведер "The Patient Gardener" е изграден од живо црешово дрво и се наоѓа во Милано.
Целта на структурата е да создаде релаксирачка оаза во бурниот град.
Десет дрвја - јапонски цреши се засадени во круг со пречник од 8 метри, и се прицврстени во центарот на посебна кула, која подоцна ќе биде отстранета.
Бидејќи ќе има два ката, во неа ќе бидат поставени различен мебел, изработен целосно од растителни материјали.

Надалеку позната како ,,ВЕЛЕШКА,, таан алва, ја произведува препознатливиот бренд „Кристал“. Се добива од висококвалитетен таан (преработено сусамово семе ) и шеќерно гликозен сируп со додаток на површинско активни материи (чуенов екстракт).
Долгогодишната традиција и постојаниот квалитет добиени се со работење по упатствата на најстарите мајстори од кондиторскиот занает.
Додатокот на какао во алвата ја прави така добиената чоколадирана алва различна од основната бела алва.
Африканската круша или Сафоу (Dacryodes edulis) претставува овошје кое расте на зимзелени дрвја кои ги има во влажните тропски шуми на Африка, во Ангола и во Нигерија.
Во шумите низ Африка расте и до 40 метри височина, додека на плантажите значително помалку до 12 метри.
Цвета со мали жолтеникави ливчиња со големина до 5мм.

Ештон Качер си ја купи луксузната куќа со одлично уреден двор во вредност од 10,8 милиони долари.
Се работи за истата стаклена куќа во која живееше под кирија после разделувањето со Деми Мур. Друг заинтересиран кандидат за купување на оваа прекрасна куќа беше и Џастин Бибер.
„Морав да ја купам куќата, бидејќи мислев дека тој ќе ја купи“ – насмеано изјавил Ештон во шоуто на Џими Кимел заедно со Бибер. Куќата е сместена на познатиот „Hollywood Hills“ и вклучува прекрасен базен, хортикултурно уреден двор, спа, фитнес сала, соба за масажа и мини кино сала.

Пред отприлика две години во „Neuschonau“, Баварија, се изгради дрвена патека, која секојдневно привлекува сé поголем број на туристи.
Патеката се наоѓа во најзаштитениот шумски простор во Европа, Баварскиот национален парк.

Санвиталијата (Sanvitalia) води потекло САД, Мексико, Централна и Јужна Америка. Потекнува од фамилијата „Asteraceae".
Ова растение може да се користи за балконите и во градините. Изгледа прекрасно во висечките кошници.
За среќа жив е човекот:)
Но се може да ви се случи доколку му пријдете, па макар и да помогнете на алигатор!